Вкупно пет пожари на отворен простор се регистрирани денеска во Македонија до 18 часот. Од нив, еден е активен, еден е ставен под контрола, а три се целосно изгаснати, соопштија надлежните. Активниот пожар е регистриран во Општина Желино, во близина на Карпалак, покрај патот Скопје–Тетово. Според информациите, гори ѓубре.
Пожарот во Општина Гази Баба, на планината Скопска Црна Гора над селото Арачиново, е ставен под контрола. Таму горел дел од ниска деградирана шума. Во текот на денот се изгаснати уште три пожари.
Во Општина Прилеп пожарот бил зад Индустриското училиште, каде што горела сува трева.Во Општина Гази Баба, на булеварот „Александар Македонски“, бил пријавен пожар на ѓубре. Третиот изгаснат пожар бил во Општина Карпош, на улицата „Скупи“, каде што исто така горело ѓубре.
Според состојбата до 18 часот, најголемо внимание останува насочено кон пожарот кај Карпалак, кој сè уште е активен.