Пепелта на Леми доаѓа на Wacken осум години по неговата смрт

Фото: picture-alliance/dpa

Поминаа осум години откако почина легендарниот музичар Иан „Леми“ Килмистер. Пепелта на фронтменот на Motörhead сега пристигнува на фестивалот Wacken во Германија.

Леми годинава ќе биде „почестен со незаборавен чин“, најавуваат организаторите на познатиот хеви-метал фестивал Wacken. Тоа е дел од програмата што организаторите ја нарекоа „Lemmy-Forever-Festivitäten“, пренесува локалниот весник „Kiler nahrichten“.

„Многу сме почестени што Леми се враќа во Wacken – тешко е да се опише колку е ова голема и важна работа“, рече директорот на фестивалот Томас Џенсен. „Ќе создадеме споменик за него што ќе ја потврди неговата важност за жанрот и пошироко“

Ќе присуствуваат и поранешните членови на бендот Фил Кембел и Мајки Ди. Малку бендови имаат настапувано на фестивалот Wacken во Германија почесто од Motörhead. Пејачот, басистот и лидер на бендот Леми Килмистер почина во 2015 година на 70-годишна возраст.

„ Wacken речиси како дом за Леми. Среќни сме што засекогаш ќе најде место тука“, изјави менаџерот на бендот Тод Сингерман.

Хеви метал фестивалот Wacken започнува оваа среда на 2 август и ќе трае до сабота, 5 август. Билетите се веќе распродадени, а на концертите се очекува да присуствуваат 85.000 луѓе.

Извор: DW

е-Трн да боцка во твојот инбокс