Пеце Талески, продуцентот на „Преспав“ за инфлуенсерите за успешност: Станувањето во 5 не гарантира успех

Пеце Талески од ОХО продукција беше соговорник на Јована во последната епизода од „Што го врти светот?“.  Продуцентот на Петко, Преспав, Радиус, “The Walk” и многу други остварувања зборуваше и за инфлуенсерите. Според него, секој кој знае како да влијае на одредена публика е инфлуенсер. Со своите содржини тие влијаат на огромни публики. Сепак, за некои инфлуенсери вели дека, во обид да привлечат публика кажуваат работи кои звучат добро, но се далеку од вистината.

  • Има многу наивни приказни. Со создавање на цел култ на успешни и богати. Па зборуваат за тоа како некој бил многу успешен зошто станувал во 5 часот. Потоа морал да се тушира половина час со ладна вода, па да медитира еден час. Добро е да се прифати желбата за успех. Ама тоа е многу инвестирање во себе, многу труд, понекогаш среќа и многу други услови. Не е станувањето во 5. Има 8 милијарди луѓе и сите се посебни, секој успех е уникатен.

Јована и Пеце зборуваат и за успешноста на содржините кои тие го создаваат. За тоа како од постерте кои ги создава ОХО продукција за кампања „Немаме резервна планета“, стигнуваат до продуцирање на првите и најпопуларни содржини за деца и возрасни кај нас. Зборуваат за првата македонска стриминг платформа gley.mk. Гледајте „Што го врти светот“ со Пеце од ОХО на линкот бо продолжение:

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни