Унгарското министерство за надворешни работи поднесе кривична пријава до обвинителството поради сомневања за измама при набавката на медицинска опрема за време на пандемијата на коронавирусот во 2020 година. Според унгарските власти, станува збор за договор склучен за време на мандатот на претходната влада, со кој биле потрошени 826 милиони евра за уреди кои во реалноста не можеле да се искористат.
Случајот го отвори министерката за надворешни работи Анита Орбан, која потврди дека пријавата опфаќа купување на речиси 17.000 респиратори. Вкупната вредност на оваа зделка достигна 300 милијарди форинти.
Како што изјави Орбан, тогашното раководство на министерството платило илјадници непотребни апарати по пренапумпани цени, при што најголемиот дел од опремата останал неупотреблив за болничкиот систем.
Унгарската истрага се надоврзува на низата слични афери, каде што итните процедури во 2020 година беа искористени за сомнителни зделки со медицинска опрема преку посреднички компании.
Случајот во Будимпешта сега преминува кај јавното обвинителство, кое треба да утврди кој профитирал од стотиците милиони евра државни пари потрошени за магацински вишок.