Обвинение за нападот врз девојката во Битола, се бара продолжување на притворот

Обвинителството оценува дека и натаму постојат ризици од избегнување на постапката и повторување на насилството

сновното јавно обвинителство Битола поднесе обвинителен предлог против едно лице за телесна повреда нанесена при семејно насилство. Обвинетиот се товари дека на 10 ноември, во својот дом во Битола, ја нападнал и телесно ја повредил својата девојка.

Според обвинението, по вербална расправија ја удирал по лицето со тупаници и шамари, а потоа ја стегал за вратот и устата. Во соопштението се наведува дека ѝ нанел површинска телесна повреда, нагмечувања и крвни подливи.

Притвор поради два ризика

Во текот на прибирањето докази, на обвинетиот му бил определен притвор поради ризиците да го избегне кривичниот прогон и да го повтори насилното однесување.

При оценувањето на овие околности, Обвинителството ги земало предвид информациите дека непосредно по настанот избегал од полициска станица и неколку дена не бил достапен.

Се бара продолжување

Со поднесувањето на обвинителниот предлог, јавниот обвинител предложил судот да го продолжи притворот, оценувајќи дека причините за мерката и натаму постојат.


Делото е квалификувано како телесна повреда според член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, односно повреда нанесена при вршење семејно насилство.

е-Трн да боцка во твојот инбокс