Паметна автобуска станица со бесплатни билети за направени 20 клекнувања

Пред три години во Клуж, вториот најголем град во Романија, беше поставена првата паметна автобуска станица која нуди бесплатни билети.

Единствениот услов е да направите 20 клекнувања за две минути. Во замена за 20 клекнувања, патниците добиваат билет во еден правец кој изнесува околу 50 центи.

Станицата брзо стана хит помеѓу локалното население, но и своевидна туристичка атракција.

„Никогаш повеќе не би платил за билет“

Станува збор за проект на Спортскиот фестивал кој бил финансиски поддржан од градскиот совет, а бесплатните карти биле достапни во период од 2 недели. Проектот бил обновен по 3 години, па жителите на Клуж и туристите повторно „тргнале во акција“ и започнале да прават клекнувања за бесплатни карти.

„Никогаш повеќе не би платил за билет“, „Одлична идеја, ова треба да се постави во секој град“, „Брилијантно“, „Одличен начин за да се промовира здрав живот“, се дел од коментарите по повод ваквиот проект.

Извор: index.hr

е-Трн да боцка во твојот инбокс