Откриено е како започна катастрофата во Лос Анџелес

Против комуналната компанија “Southern California Edison” подигнато е обвинение, а обвинителството тврди дека пожарот во Итон бил предизвикан од нивна опрема. Edison потврди дека противпожарните агенции истражуваат дали нивната опрема предизвикала помал пожар во подрачјето на Лос Анџелес, кој избувнал исто така истиот ден

Во големите пожари во Лос Анџелес до сега загинале најмалку 24 лица, а полицијата сега се фокусира на истрагата и на можноста дека пожарот е предизвикан од човечки фактор. Извори за NBC News изјавиле дека пожарот можеби настанал поради петарди или дека бил подметнат од кампери кои го минувале своето слободно време на тоа подрачје.

Сепак, нагласуваат дека не се донесени никакви заклучоци и дека не се исклучува ниту можноста за подметнување на пожарот.

Пожарите уништиле повеќе од 40.000 хектари, а повеќе од 12.300 објекти исчезнале во огнената стихија, јавува NBC. Најголем дел од тоа уништување го предизвикал првиот пожар во Палисадите. Изгориени се 24.000 хектари, а само 14 проценти се изгасени, според Cal Fire.

Пожарите траат веќе една недела, а официјалните лица сè уште не го идентификувале причинителот на ниту еден од пожарите.

Бројни жители на Лос Анџелес кои морале да ги напуштат своите домови сега се плашат дека наскоро ќе мораат да се соочат со огромно зголемување на цените на кириите. Практиката на зголемување на цената на станарината, позната во САД како “price gouging”, е забранета во Калифорнија и сите кои се соочуваат со тоа може да го пријават на властите.

Против комуналната компанија “Southern California Edison” подигнато е обвинение, а обвинителството тврди дека пожарот во Итон бил предизвикан од нивна опрема. Edison потврди дека противпожарните агенции истражуваат дали нивната опрема предизвикала помал пожар во подрачјето на Лос Анџелес, кој избувнал исто така истиот ден. Сето ова се случува пред заканата за нови огромни пожари.

Пожарникарите тврдат дека сега се подобро подготвени, но дека ветровите можат да ја влошат состојбата.

„Силните ветрови би можеле да ги приземјат противпожарните авиони ако достигнат брзина од 70 милји на час, а тогаш ќе биде многу тешко да се контролира пожарот, но сега дефинитивно сме подобро подготвени“, изјавил шефот на противпожарната служба на округот ЛА, Антони Морон.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни