Search

Откриена локацијата на Ноевата арка

Археолозите веруваат дека дошле блиску до откривање на почивалиштето на она што тие веруваат дека можеби е Ноевата арка, како дел од нивното истражување на геолошка формација на планината Арарат.

Археолозите и историчарите со години се обидуваат да откријат дали библиската приказна за Ное и неговата арка е само мит или навистина се работи за вистинска личност.

Научниците сега зеле примероци од карпи и почва и преку анализа дошле до резултати кои сугерираат дека постои место на Арарат каде што ковчегот можел да биде создаден пред приближно 5.000 години.

Тие информации се совпаѓаат со библиската временска рамка на Големиот потоп.

Истражувачите од Техничкиот универзитет во Истанбул, во соработка со некои други универзитети, почнаа да го истражуваат овој локалитет пред околу една година, откако открија докази во геолошката формација што укажува на човечка активност во периодот од 5500 до 3000 година п.н.е.

Археолозите пронајдоа и честички од глина и морски материјали, како и остатоци од животни од морето.

Сепак, иако геолошката формација Дурупинар долго време се споменува како потенцијално почивалиште на арката, научниците предупредуваат дека знаците на човечка активност на локацијата сè уште не ја потврдуваат автентичноста на библиската приказна.

Археолозите посочуваат дека е неопходно да се најдат конкретни докази за глобална или барем регионална поплава од библиски размери, поради што меѓународен тим научници ќе продолжи со истражување на тој турски локалитет, пишува „Дејли мејл“.

Извор: novosti.rs

Најново

Последни колумни