Соединетите Американски Држави ги предупредија своите европски сојузници, меѓу кои Велика Британија, Полска, Литванија и Естонија, дека испораките на претходно договореното оружје најверојатно ќе бидат значително одложени. Причината е јасна: војната против Иран ги троши американските воени залихи побрзо отколку што се надевале во Пентагон.
Пентагон соопшти дека „внимателно ги проценува новите барања на партнерите, како и постојните договори за трансфер на оружје, со цел да се обезбеди усогласеност со оперативните потреби” – дипломатска формулација која во суштина значи дека Европа мора да чека. Во исто време, Стејт департментот одобри продажба на воена опрема во вредност од 8,6 милијарди долари за блискоисточни сојузници: Израел, Катар, Кувајт и Обединети Арапски Емирати.
Поранешниот функционер во администрацијата на Џо Бајден, Том Рајт, директно го именуваше проблемот: „Пентагон сега мора да се подготви за долготраен конфликт на Блискиот Исток, а истовремено сака да ја зајакне способноста за одвраќање во Индопацификот. Подготвени се да ја жртвуваат Европа за да го постигнат тоа.”
Пораката за европските влади е недвосмислена – доколку сакаат да ја гарантираат сопствената безбедност, мора итно и самостојно да ја обноват сопствената одбранбена индустриска база, без да се потпираат на американски испораки чиј рокот станува сè понеизвесен.