Нови фосили на 9 ноември ќе го одржат последниот концерт: Доволно беше

Групата Нови фосили на 9 ноември во Загреб ќе одржи проштален концерт на кој ќе го прослави и 55-от роденден на бендот.

Сања Долежал, Владимир Кочиш Зец и Маринко Чолнаго ќе се простат од публиката во Арена Загреб.

„Не звучи убаво кога велиш дека ова е збогум, но освен збогум, овој концерт е и благодарност до нашата публика“, рече Сања, која очекува луѓето од сите генерации да ги пеат познатите хитови со Нови Фосили.

„Можеби ќе пееме некаде во публиката, но повеќе не на сцената. Сметаме дека на сите во бендот веќе ни беа доволно години и дека треба достојно да се повлечеме, на концерт на кој повторно ќе пееме заедно со нашите публика“, велат членовите на бендот што легендарниот Слободан Момчиловиќ Мока го основал далечната 1969 година.

Нему и Маринко во средината на 70-тите години им се придружија Зец, Рајко Дујмиќ и Ѓурѓица Барловиќ, а првите рекордни успеси ги забележаа пред половина век со нумерите „Диридонда“, „Кажи ми мама“, „Сонувај ме”…

Сања му се приклучи на бендот во 1983 година, по заминувањето на Ѓурѓица.

„Мока ме покани во мај, а јас се согласив и се приклучив на бендот, несвесна што ме чека. Имав 20 години, пеев во Прва љубов и не ни сонував колку внимание ќе привлече моето доаѓање во Нови фосили”, вели Сања, која се согласува со Маринко и Зец дека најтешките моменти во бендот биле прераното заминување на членовите – Ѓурѓица, Мока, Рајко и сопругот на Сања, Ненад Шариќ.

„Тоа чувство не може да се опише со зборови. Тешко ви е да прифатите дека драги луѓе со кои со години сте делеле добро и лошо повеќе ги нема“, велат музичарите кои припаѓаат на ретките кои му одолеале на времето и трендовите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни