Норвежанка и непалски шерпа ги искачија 14те највисоки врвови за само 92 дена

Фото: Field Productions

Норвежанка и нејзиниот водич шерпа се искачија на планината К2 во Пакистан во четвртокот, нивната 14-та највисока планина за нешто повеќе од три месеци, станувајќи најбрзите планинари во светот кои ги искачиле сите врвови над 8.000 метри за најкратко време.

Кристин Харила (37) и Непалецот Тенјен (Лама) Шерпа (35) се искачија на К2, кој е втор највисок врв во светот со 8.611 метри со осум други водичи, меѓу кои беше и Таши Лакпа Шерпа, управен директор на Seven Summit Treks (SST) компанија која обезбедува логистика на планинарите.

„Тие станаа најбрзи во искачувањето на сите 14 врвови“, изјави Таши за Ројтерс, цитирајќи информации од базниот камп.

Искачувањето на сите 14 највисоки врвови за неколку месеци е предизвикувачки подвиг, кој вообичаено го прават многу алпинисти со години.

Тие го поставија рекордот во најбрзо искачување победувајќи го Нирмал Пурја од Непал кој ги заврши сите врвови за шест месеци и една недела во 2019 година. Сепак, иако овој рекорд е потврден од останатите лица кои се искачууват, се уште нема официјална потврда од Гинесовата книга на рекорди.

И двајцата алпинисти се искачија на врвот Шишапангма во регионот Тибет во Кина на 26 април и оттогаш се искачија на Еверест, Канченџунга, Лоце, Макалу, Чо Оју, Даулагири, Манаслу и Анапурна во Непал пред да продолжат кон Пакистан, каде што се искачија на Нанга Парбат, Гашербрум I, Гашербрум II и Широкиот врв пред да го надминат К2, завршувајќи ги сите 14 за 92 дена.

Извор: Reuters

е-Трн да боцка во твојот инбокс