„Ништо никогаш нема да се смени од корен“ – младите разочарани од државата и системот

Скопје синоќа молчеше, но говореше низ транспаренти, погледи и тешка тишина. На мирниот протест во чест на жртвите од трагедијата во Кочани, младите носеа пораки што одекнуваа како пресуда за системот – „Како да бидам без тебе“, „Немаше да има толку крв ако беше сè по закон“.

Разочараноста беше речиси опиплива. Младите кои ги прашавме велат дека ништо никогаш нема да се смени од корен, дека ова не е несреќа, туку системски неуспех кој ги надмина сите граници.

Генерација која веќе долго ја губи довербата, сега ја губи и надежта. Болката од оваа трагедија ќе остане како колективна траума – дел од животите на сите што ја живеат оваа трагична сегашност.


е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни