Четириесет и тригодишен жител на Неготино бил приведен по пријава за семејно насилство, информира Министерството за внатрешни работи.
Полициски службеници од ОВР Неготино на 14 јуни, околу 16:25 часот, го лишиле од слобода Т.З. (43) од Неготино, постапувајќи по претходно добиена пријава за семејно насилство.
Според МВР, во пријавата било наведено дека тој, по кратка расправија, физички ја нападнал својата 42-годишна сопруга, како и нивниот малолетен син.
Осомничениот бил задржан во полициска станица. За случајот биле известени надлежен јавен обвинител и Центарот за социјални работи во Неготино.
Од МВР информираат дека по целосното документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.