Search

Ксенија Николова: Недела ми е како секој друг ден

Ксенија Николова е автор на шест книги, нејзините романи се преведени и на други јазици, како англиски, руски, српски и бугарски. Таа е и текстописец и се потпишува позади многу текстови испеани од познати македонски артисти. Ксенија е и основач на платформата Better Women Better World, која наскоро ќе добие своја мултијазична апликација достапна за интернационалниот пазар со цел да поврзе жени од разни земји и култури.

Недела наутро:
Недела ми е како и секој друг ден, бидејќи јас работам постојано, немам работно време и мојата работа е мојот живот. Наутро се будам со чаша сок од целер, потоа кафе и здрав појадок. Вежбањето е постојан дел од моето секојдневие, мое прибежиште за наоѓање нова енергија. Одамна веќе не излегувам навечер така што имам заборавено што е роа мамурлак.

Недела на ручек:
Неделниот ручек го делам со најблиските, најчесто одиме некаде да јадеме и да уживаме во разговори што душа топлат.

Недела попладне:
Постојано гледам филмови и серии, многу ја сакам уметноста во целост и таа е дел од мене.

Неделно опуштање:
Рецепт за убав ден не постои, каков ќе си го направиш, таков ќе ти биде, силно верувам во тоа.

Недела во детството:
Некогаш, неделата за мене како дете значење миење коса, правење маска за коса која мајка ми ја подготвуваше, средување на нокти и целосно организирање на домот и собата, зашто утре е понеделник и се оди на училиште. Тоа ми се чини навистина многу одамна. Како во некој друг живот.

Најново

Последни колумни