Небулофилија, необичен сексуален фетиш што привлекува сè поголемо внимание

Маглата, пареата и замаглените прозорци за многумина создаваат романтична атмосфера, но за некои луѓе тие можат да бидат и извор на сексуална возбуда.

Овој необичен феномен се нарекува небулофилија, а според експертите за сексуалност, интересот за него сè повеќе расте.

Небулофилијата означува еротска привлечност кон атмосфера во која видливоста е намалена, како магла, измаглица, пареа или чад. Не станува збор за буквална привлечност кон облаците или маглата, туку за чувствата што ги создаваат мистериозната атмосфера, ограничената видливост и интимноста.

Сертифицираната сексологинка Енџи Раунтри вели дека интересот за овој вид сексуална возбуда станува сè позабележлив, судејќи според пребарувањата на нејзината платформа за содржини наменети првенствено за жени, Sssh.com.

Експертката за сексуални односи и авторка на книгата „Kink Curious“, Џиџи Енгл, за британски „Метро“ објаснува дека небулофилијата е поврзана со сетилното доживување на просторот.

„Тоа е кога чувството на измаглица или глетката на магла и чад предизвикува силна возбуда“, објаснува Енгл.

Според неа, станува збор за изразено визуелно и сетилно искуство, во кое атмосферата станува составен дел од сексуалната привлечност.

Зошто маглата создава чувство на интимност?

Експертката Анабел Најт од компанијата Lovehoney смета дека маглата и пареата можат да имаат силна еротска симболика.

Големо влијание врз ваквото доживување има и популарната култура. Во филмовите и сериите, сцените исполнети со пареа или магла често се користат за создавање романтика, мистерија и сексуална напнатост.

Од замаглените огледала во бањата до романтичните средби скриени од туѓите погледи, ваквите визуелни елементи со години се поврзуваат со интимноста.

Енгл додава дека магливото и дождливо време може да создаде чувство на изолираност од надворешниот свет.

Кога надвор е студено, облачно или врнежливо, луѓето почесто остануваат дома, што може да создаде повеќе можности за блискост, приватност и интимни моменти.

Според експертите, привлечноста на ваквата атмосфера може да се истражува и во секојдневни услови, на пример преку романтични моменти во бања исполнета со лесна пареа.

Сепак, Анабел Најт предупредува дека престојот во многу топла и влажна просторија може да предизвика прегревање, исцрпеност или вртоглавица, особено при физички напор.

Затоа е важно просторијата да биде проветрена, температурата да биде пријатна и да се избегнува прекумерна топлина.

Иако небулофилијата привлекува внимание во медиумите и на интернет, засега нема доволно научни истражувања што би потврдиле колку е распространета или дали навистина станува почеста.

Она што го нагласуваат експертите е дека сексуалната привлечност не мора секогаш да биде поврзана со конкретна личност или допир. Понекогаш светлината, мирисите, звуците и атмосферата можат да имаат подеднакво важна улога во создавањето интимно расположение.

е-Трн да боцка во твојот инбокс