Search

Не јадете леб? Седум причини зошто да го вратите во исхраната

Нутриционистите се согласни дека постојат низа причини зошто треба да ги задоволите своите апетити со јаглехидрати. Овие седум причини се меѓу водечките.

Ќе имате повеќе енергија
„Јаглехидратите не се многу штетни за вас“, вели Дејвид Џексон Блатнер, автор на книгата The Superfood Swap. Правилниот избор на јаглехидрати ви обезбедува дополнителна енергија во текот на целиот ден, како и низа други здравствени придобивки.

„Не го исфрлајте секој вид на леб од вашата исхрана. Можеби белото брашно е преработено и му недостасуваат хранливи материи како што се влакната, но затоа лебот од цели зрна изобилува со растителни влакна кои се здрави“, советува Блатнер.

Бидете здрави
Консумирањето леб од цели пченични зрна има бројни здравствени придобивки. Студијата објавена во „Американски журнал“ открива дека јаглехидратите добиени од цели житни зрна може да го намали ризикот од смрт предизвикана од разни фактори, кардиоваскуларни заболувања и канцер. Најголемиот бенефит по вашето здравје ќе го почувствувате ако на дневно ниво имате три оброци од цели житни зрна, но и еден оброк ќе го намали ризикот од развој на хронични болести.

Долг живот
Истражувачите од Факултетот за јавно здравје на Харвард ја открија поврзаноста на храната богата со интегрални житарици и ризикот од смрт. Нивните резултати, објавени во JAMA Internal Medicine, покажале дека јадењето цели житарици го намалуваат ризикот од кардиоваскуларни болести. Ова открите дополнително ја поткрепува теоријата дека јадењето цели житни зрна позитивно влијае на човековото здравје. Авторите на студијата се децидни дека со ваквиот начин на исхрана се продолжува животниот век кај луѓето.

Ќе се чувствувате посреќни
Јаглехидратите го стимулираат лачењето на серотонин во мозокот, кој е главен „виновник“ за добро расположение и намалување на желбата за грицкање нездрави намирници како чипс, но и слатки. Кога во мозокот се лачи серотонин се намалува стресот и анксиозноста.

Ќе изгубите телесна тежина
Лебот од цело зрно е богат со диетални влакна, кои имаат големо влијание во процесот на губење килограми. Прво, влакната се шират и го полнат желудникот, што значи дека ќе се чувствувате сити со помала кочина. Интегралната пченица, бидејќи е сложен јаглехидрат, побавно се вари, па ќе се чувствувате сити долго време откако ќе ја станете од трпезата. Покрај тоа, влакната спречуваат драстични промени во нивоата на шеќерот во крвта во текот на денот.

Ќе го регулирате одењето во тоалет
Растителните влакна се корисни за целиот организам, вклучувајќи ја и работата на цревата. Јаглехидратите од цели зрна позитивно влијаат на дигестивен систем и му помагаат на телото редовно да го исфрла токсините. Токму внесот на цели зрна може да игра голема улога во внесувањето на препорачаната доза од 28 грама влакна на дневно ниво.
„Лебот од изртени зрна има повеќе протеини, витамини и минерали“, вели Блатнер.

Поздрава кожа и коса
Кој би помислил дека убавината може да има каква било поврзаност со јадењето леб? Но, вистината е: лебот од цели зрна е полн со витамини од групата Б и протеини, кои придонесуваат за убава кожа и коса.

Најново

Последни колумни