Search

НАСА го објави извештајот, но забележани ли се вонземјани?

НАСА не ја исклучува можноста од посета на вонземска технологија во атмосферата на Земјата, се наведува во извештајот на американската вселенска агенција презентиран во Вашингтон. Во извештајот, исто така, се вели дека нема докази дека таканаречените случаи на НЛО пријави досега имаат некакво вонземско потекло.

„Сепак, овие објекти морале да патуваат низ нашиот Сончев систем за да стигнат овде“, меѓу другото стои во извештајот, цитиран од Би-Би-Си.

Иако од студијата не може да се потврди постоењето на вонземски живот, НАСА вели дека не ја исклучува можноста дека „непозната вонземска технологија функционира во атмосферата на Земјата“.

Студијата на американската вселенска агенција се потпира на анализа на стотици извештаи за „неидентификувани аномални феномени“ (УАП), кои јавноста најчесто ги нарекува НЛО („неидентификувани летечки објекти“).

Станува збор за светлосни точки на небото, кои најчесто биле набљудувани од други авиони, а кои до сега не биле објаснети. Како што е наведено, повеќето од овие појави можат да се објаснат, а само два до пет проценти од случаите се сметаат за „аномалија“ и засега остануваат загатка.

Во извештајот се наведува дека „многу веродостојни сведоци, често воени авијатичари, пријавиле дека виделе предмети што не ги препознаваат во воздушниот простор на САД“.

Еден од најголемите предизвици за НАСА да ги потврди своите претпоставки е е недостатокот на податоци со кои би утврдиле дали некој објект е UAP или не.

„Извештаите на сведоците не можат да се повторат и обично не даваат доволно информации потребни за да се дојде до конечен заклучок“, се наведува во студијата.

Администраторот на НАСА, Бил Нелсон, на прес-конференцијата рече дека фокусот на студијата е да се пресели „од сензационализам кон наука“.

Нелсон посочи дека НАСА ќе назначи директор за истражување на UAP, чија работа ќе биде „да го развива и надгледува спроведувањето на визијата на НАСА за истражување на UAP“.

Тој рече дека НАСА ќе соработува со други агенции за да ги анализира необјаснетите феномени, а во процесот ќе се користи и вештачка интелигенција.

„Ќе продолжиме да гледаме во небото и да бараме знаци на услови за живот“, потенцира Нелсон на прес-конференцијата.

Извор: bbc.com

Најново

Последни колумни