Едно лице загина, а 16 се повредени откако автомобил во сабота налета на луѓе во паркот Тиргартен во Берлин, во близина на поворката на гордоста, а потоа се заби во дрво. Возачот избегал од местото на настанот, соопшти портпаролот на берлинската полиција Флоријан Нат. Градоначалникот Кај Вегнер, кој самиот учествувал во парадата, го опиша нападот како удар врз заедничкиот живот и либералната демократија.
Бел автомобил во сабота налета на повеќе луѓе во паркот Тиргартен, а потоа се заби во дрво. Возачот излегол од возилото и избегал од местото на настанот, изјави портпаролот на берлинската полиција Флоријан Нат. Потрагата за сторителот сè уште трае.
Од пожарната служба соопштија дека едно лице загинало, а 16 се повредени. Три од повредените се животно загрозени, осум се тешко, а пет лесно повредени.
„Ова беше напад врз сите нас. Тоа беше напад врз нашиот начин на живот, нашето заедничко живеење и начинот на кој живееме. Дами и господа, тоа мора да престане,” изјави Вегнер.
Тој додаде дека градот се покажал како „град на слободата” и дека е убаво да се живее така. Им се заблагодарина пожарникарите, полицијата и другите служби кои, како што рече, брзо реагираа и веднаш биле на местото на настанот.
Вегнер го опиша нападот како веројатно исламистички напад врз заедничкиот живот, либералната демократија, отвореноста и слободата. Тој најави комеморација и заеднички марш до Бранденбуршката порта. Знамињата на градската куќа се спуштени на пола копје.