Намалувањето на машкиот орган со текот на годините не е вообичаена појава во драматична форма, но стареењето и штетните навики директно го нарушуваат протокот на крв и соодветната еректилна функција. Додека мажите често се грижат за губење на димензиите, новите медицински истражувања откриваат сосема поинаква слика за промените што се случуваат во последните три децении.
Урологот д-р Мери Сампласки од Универзитетот во Јужна Калифорнија појаснува дека стареењето и секојдневните навики го намалуваат квалитетот на ерекцијата, што може да создаде впечаток на намален орган. Пушењето ги оштетува крвните садови и го попречува нормалниот проток на крв. Паралелно со тоа, намаленото ниво на тестостерон и состојбите како срцеви заболувања, дијабетес или нарушувања на штитна жлезда дополнително влијаат врз машкото здравје.
Дебелината исто така претставува ризик-фактор бидејќи масните nasлоги содржат ензим кој го претвора тестостеронот во естроген. Од друга страна, редовната физичка активност помага во одржувањето на хормонската рамнотежа, додека прекумерната сексуална активност со повреди може да создаде лузни на ткивото.
И покрај стравувањата од намалување, обемна студија објавена во списанието World Journal of Men’s Health покажува спротивен тренд. Анализата на податоци од 75 истражувања спроведени меѓу 1992 и 2021 година, кои опфатиле повеќе од 55.000 мажи, открива дека просечната должина на органот во ерекција се зголемила за 24 проценти.
Според авторот на студијата, д-р Мајкл Ајзенберг, просечната должина во ерекција пораснала од 12,1 на 15,2 сантиметри во изминатите 30 години. Научниците истакнуваат дека ваквите брзи репродуктивни промени бараат дополнителни медицински истражувања за да се утврдат точните причини во човечкото тело.