Над 30 загинати и над 300 исчезнати во поплавите во Непал

Најмалку 384 лица, меѓу кои 291 странски државјанин, се водат како исчезнати по ненадејните поплави на границата меѓу Непал и Тибет, соопшти туристичкиот одбор на земјата.

Најмалку 31 лице загина, објави Би-Би-Си, додавајќи дека меѓу 384-те, 105 Индијци и 12 Британци се водат како исчезнати, како и 111 лица чија националност сè уште не е потврдена.

Во поројните поплави во Непал, селата и патиштата беа тешко оштетени, а сè беше покриено со дебел слој камења и кал. Властите повикаа спасувачи од Кина и Индија да помогнат. Министерот за надворешни работи на Непал рече дека прелиминарните извештаи укажуваат дека ненадејните поплави можеби се случиле откако земјотресот предизвикал лавина.

Дванаесет британски државјани, дел од поголема група од околу 400 исчезнати туристи, исчезнаа за време на планинарење на границата меѓу Непал и Тибет, потврди агенцијата за планинарење што го организираше патувањето.

Рам Кумар Адикари, раководител на агенцијата „Алпин Еко Трек“, даде изјава за Прес Асошиејшејшн (ПА). „Во моментов немаме многу информации, но можам да потврдам дека 12 британски државјани требаше да пристигнат на нивната дестинација утрово“, рече тој.

Патните евиденции, до кои Непалската управа имала пристап, покажуваат дека возраста на исчезнатите Британци се движи од 13 до 65 години.

Адикари додаде дека на истото патување имало и двајца државјани на Ирска и четворица од Република Јужна Африка. Нивниот статус е исто така наведен како исчезнат.

Засега, нема информации за евентуални исчезнати лица од Македонија и регионот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс