Сандра Силаѓев во нејзината авторска монодрама „Дејт“ ќе се претстави во улогата на средовечна дама и самохрана мајка Оливера Живковиќ, која излегла на закажан љубовен состанок со тип кој нема да се појави. И додека го чека со коктелот во рака, ѝ ѕвони телефонот, па ѝ се јавуваат, од најдобрата пријателка, до децата тинејџери, докторката за диета… Меѓу состанокот со типот кој го запознала на Инстаграм, па се радува на секој лајк на сторито што ќе ѝ го стави, таа ги чека наодите од лекар за да ѝ кажат дали има рак или не.
Оливера зборува за мајчинството, за тоа во каква положба е жената во денешното општество, зошто должината на фустанот и висината на потпетиците се секогаш обратно пропорционални со моралот. Дали е подобро да се биде платена или неплатена домаќинка, разликата меѓу курва и чесна жена, како самохрана мајка го дои бебето и оди на работа во исто време. Сите недостатоци кои си ги бараат жените во себе… Оливера се чувствува како дама, баба-девојка, разведена, па и дури и како вдовица, иако никој не ѝ умрел. За жал сето тоа го сервираат категоризации и чудни односи меѓу љубовниците во 21 век.
Публиката ќе има можност да го следи текот на мислите на Оливера и да и помогне да го најде одговорот на некои од овие прашања за време на специјалниот епилог на Q & A.
НАПОМЕНА: Оваа монодрама не е за малолетници!
Вулгарноста и вулгарната реторика се користат како инструмент за прикажување на двојните стандарди наметнати на жените.
Снимање и фотографирање за време на монодрамата не е дозволено.
Билетите можат да се набават во продашната мрежа на МК Тикетс или на веб сајтот mktickets.mk
ЗАДОЛЖИТЕЛНО: Добро расположение!