Трагедија на натпревар во Србија: 13-годишно момче загина по пад од коњ

Тринаесетгодишно момче почина од тешките повреди добиени при пад од коњ за време на натпревар во Ковилово, Србија.

Тринаесетгодишно момче почина во болница од тешките повреди што ги добило денеска за време на натпревар во прескокнување пречки во Ковилово, Србија.

Според информациите што ги пренесуваат српските медиуми, момчето паднало од коњот, по што животното се срушило врз него.

Несреќата се случила за време на натпревар

Трагичниот настан се случил за време на Отвореното првенство на Србија во прескокнување пречки.

Момчето носело комплетна заштитна опрема, но при падот се здобило со тешки повреди на главата.

Починало во болница

По несреќата, 13-годишното момче итно било пренесено во болница.

И покрај лекарската интервенција, повредите биле премногу тешки и момчето починало од нивните последици.

е-Трн да боцка во твојот инбокс