Мила Рељиќ не успеа да влезе во полуфиналето во теквондо на Олимписките игри

Фото: Facebook/Aleksandar Eftimov

Македонската теквондистка, Милјана Рељиќ не успеа да се пласира во полуфиналето во теквондо за жени под 57 килограми на Олимписките игри во Париз откако со 2:0 беше поразена од Либанката, Летициа Аун.

Либанката беше подобра со 9:8 во првата рунда, додека втората рунда заврши со резултат 6:6, што беше доволно за победа во четвртфиналето.

Претходно, Рељиќ беше поуспешна од двократната Олимписка шампионка, Британката Џејд Џонс. Во првата рунда беше дури и подобриот ривал и со 7-6 поведе со 1-0. Втората рунда ѝ припадна на Британката, додека третата беше израмнета, но нашата натпреварувачка имаше повеќе удари и затоа нејзе ѝ припадна победата.

Најново

Последни колумни