Мила Кунис и Ештон Кучер ја нудат својата куќа на плажа бесплатно преку Airbnb

Фото: Frazer Harrison / GETTY IMAGES NORTH AMERICA / Getty Images via AFP

Холивудската двојка Мила Кунис и Ештон Кучер ја понудија својата куќа на плажа во Калифорнија на сосема непознати луѓе и тоа бесплатно. Се што ви треба е да се регистрирате преку платформата Airbnb.

Куќата се наоѓа во Санта Инез, Калифорнија и има поглед на океанот од едната и планините од другата страна. Може да прими четири лица, а куќата се издава само за една ноќ.

Кучер и Кунис на своите гости им нудат незаборавен летен престој.

Оваа „навистина глупава идеја“ дошла од Ештон Кучер кој и рекол на сопругата дека треба да поканат сосема непознати луѓе да дојдат и да поминуваат време со нив на плажа. Во видеото направено надвор од куќата, актерката вели дека луѓето навистина ќе уживаат во тоа место, на што Кучер одговорил: „Во ред, тогаш ќе го направиме тоа“.

Пријавувањето на гостите започна во средата навечер, а се нуди само еден термин – сабота. Гостите ќе ги пречека познатиот пар и ќе ги третира со гостопримство „како да се стари пријатели“, а домаќините за време на нивниот престој ќе обезбедат храна и ужина.

За да влезете во „гајбата“ на Кучер и Кунис, треба да имате профил на Airbnb со добри препораки, да обезбедите копија од вашата лична карта и да ги информирате сопствениците за какви било алергии или специфики кога станува збор за исхраната.

Идејата на двајцата актери одекна во медиумите, но не е премногу оригинална бидејќи истото пред нив го направи и актерката Гвинет Палтроу.

Таа го огласи својот дом во Монтесито на Airbnb за 9 септември. Куќата, која има само една спална соба и една бања и може да прими двајца гости.

Извор: N1

е-Трн да боцка во твојот инбокс