Метеорскиот дожд Персеиди својот максимум ќе до го достигне викендов

Фото: JASON WEINGART/BARCROFT MEDIA VIA GETTY

Персеидите, односно метеорскиот дожд кој се случува во август, својот максимум ќе го доживеат ноќта помеѓу 12 и 13 август.

Секоја година во ова време на својот пат околу Сонцето, Земјата го преминува патот на кометата Свифт Тафл. Кометата, на која ѝ требаат 133 години за да орбитира околу Сонцето, зад себе остава „облак“ од вселенски отпад, а кога дел од тие карпи кои ја следат кометата ќе влезат во атмосферата на Земјата и ќе почнат да паѓа кон површината, започнуваат да  светат поради триење и согорување, а ние ги гледаме како блесок.

Астрономите го нарекуваат метеорскиот дожд што се случува од јули до август, Персеиди. Името го добило по соѕвездието Персеј, од кој правец обично доаѓаат метеорите. Во некои држави овој метеорски дожд е познат и како „солзи на Свети Лоренс“.

Метеорскиот дожд го добил своето име затоа што врвот се случува околу 10 август, кога се оплакува христијанскиот светец Лоренс, кој бил жив запален во 258 година. Според легендата, неговите солзи се претвориле во громови. Метеорскиот дожд е веќе видлив од средината на јули, а својот максимум го доживува на почетокот на втората третина од август.

Метеорскиот дожд е феномен кој се случува секоја година, приближно во исто време. Затоа, можно е да се предвиди кога ќе се појават и на кој ден на небото може да се забележат повеќе метеори, а токму вечерта меѓу 12 и 13 август, според астрономите Персеидите ќе го достигнат својот максимум.

Извор: N1

е-Трн да боцка во твојот инбокс