Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека постепено ублажување на санкциите може да биде дел од процесот доколку Иран покаже подготвеност за договор.
Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска изјави дека Европската Унија е подготвена постепено да ги ублажи санкциите врз Иран, доколку се постигне сеопфатен договор.
„Тоа може да биде дел од процесот. Ниту една од земјите на ЕУ не се спротивстави на тоа. Така да се каже, тоа е дел од придонесот што можеме да го дадеме за да го унапредиме овој процес и да доведеме до траен мир“, изјави Мерц пред новинарите на маргините на самитот на лидерите на Европската Унија, објави „Ројтерс“.
Мерц оцени дека стратегијата на Иран е да купи време. Тој порача дека доколку Иран е подготвен за компромис, Европската Унија е подготвена да ги ублажи санкциите.
Германскиот канцелар додаде и дека Европската Унија ќе продолжи да го зголемува притисокот врз Русија поради војната во Украина.