Ману Чао: Поддршка за студентите во Белград!

Ова не е првпат Ману Чао да изрази поддршка за активистички иницијативи во Србија. Во 2019 година, тој ја посети Стара Планина за да ги поддржи граѓаните кои протестираа против изградбата на мали хидроелектрани.

Светски познатиот музичар Ману Чао ги поддржа студентските протести во Србија, објавувајќи порака „Поддржете ги студентите!“ на социјалната мрежа X.

Тој сподели фотографија од времето кога го водеше бендот „Мано Негра“, на која напиша „Србија“ и „Поддржете ги студентите!!!“. Истата фотографија ја објави и на својата официјална веб-страница.


https://twitter.com/manuchao/status/1901180258746814518

Ова не е првпат Ману Чао да изрази поддршка за активистички иницијативи во Србија. Во 2019 година, тој ја посети Стара Планина за да ги поддржи граѓаните кои протестираа против изградбата на мали хидроелектрани.

Исто така, видеото за неговата песна „Rainin’ in Paradise“ го режираше познатиот српски режисер Емир Кустурица, кој соработуваше со него и на документарниот филм за легендарниот фудбалер Диего Марадона.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни