Мерката не се однесува на целиот Халкидики и не значи затворање на туристичките места или главните патишта. Забраната важи за конкретно определени природни подрачја на Касандра, Ситонија и во општината Аристотел.

Македонските туристи на Халкидики денес да внимаваат: Забрането движење во шумски подрачја, казната е 300 евра

Македонските туристи кои денес престојуваат на Халкидики треба да внимаваат каде се движат, бидејќи од 08 до 20 часот е забрането движењето во повеќе шумски и планински подрачја, поради зголемениот ризик од пожари. За непочитување на забраната е предвидена административна казна од 300 евра.

Мерката не се однесува на целиот Халкидики и не значи затворање на туристичките места или главните патишта. Забраната важи за конкретно определени природни подрачја на Касандра, Ситонија и во општината Аристотел.

Каде важи забраната?

На Касандра, ограничувањето ги опфаќа подрачјата Корифограми, од Касандрино кон Агиа Параскеви, како и Арапис и Халковуни во поширокиот реон на Палиури.На Ситонија, забраната се однесува на планинскиот гребен Драгундели. Во општината Аристотел, опфатени се подрачјата од Комица до Урануполи, како и Цамија Стратоникис, Фисока и реонот на стрелиштето во Стратони.

Грчката полиција и противпожарните служби денес ќе вршат засилени контроли. Ќе се проверуваат и регистарските таблички на возилата, а лицата затекнати во забранетите зони може да бидат отстранети и санкционирани.

Особено треба да внимаваат оние кои планираат излети во внатрешноста на полуостровот, прошетки по шумски патеки или посета на изолирани природни локации. Причината за забраната се високите температури, сувата вегетација и условите кои го зголемуваат ризикот од брзо ширење на шумски пожари.

Забраната важи денес до 20 часот, а казната за непочитување е 300 евра.

е-Трн да боцка во твојот инбокс