Македонската актерка Јелена Јованова доби уште еден син

Македонската актерка Јелена Јованова и нејзиниот сопруг, хрватскиот актер Стјепан Периќ, повторно станаа родители.

Актерката ја потврди веста на социјалните мрежи, споделувајќи честитка од нејзината пријателка на социјалните мрежи.

„Убаво момче, добредојде!“, гласи честитката.

Првиот син Јаков го добија во јуни 2020 година, а сега нивното семејство има уште едно момче.

Јованова, позната по улогата на Јелена од Драчево во „Преспав“ ги чуваше и двете бремености во тајност, па за оваа среќна вест е вистинско изненадување дури и за оние кои што добро ја познаваа.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни