Новата функција на LinkedIn за пријавување сомнителна AI-содржина веќе е искористена повеќе од еден милион пати, а во некои случаи бројот на прегледи на означената содржина паднал за 40 отсто.
LinkedIn пред неколку недели започна со тестирање на ново копче со кое корисниците можат да пријават објава како сомнителен AI-генериран спам или „AI slop“ – масовно произведена содржина со мала или никаква вредност. Директорот за производи на LinkedIn, Хари Сринивасан, изјави дека функцијата досега била искористена повеќе од еден милион пати.
Како резултат на пријавите, во одредени случаи прегледите на содржината класифицирана како несакан AI-содржај се намалиле за 40 отсто.
LinkedIn не открива точно како пријавите влијаат врз алгоритмот што го одредува досегот на објавите, но компанијата вели дека користи повеќе сигнали при одлучувањето колку корисници ќе видат одредена содржина. Воедно, воведени се и заштитни механизми за да се спречи злоупотреба на функцијата.
Корисниците ќе знаат ако нивната објава е пријавена
LinkedIn воведува и нова функција со која корисниците ќе бидат известени доколку нивна објава биде пријавена како сомнителен AI-спам. Ова е уште еден знак дека платформите се соочуваат со сè поголем проблем со масовно генерирана содржина со вештачка интелигенција.
Иако LinkedIn не ја забранува употребата на AI за креирање содржина, новата функција покажува дека платформата сака да го ограничи масовното производство на генерички и неквалитетни објави кои го преплавуваат фидот.