Вчера, на 11 јануари 2025, на паркингот пред ресторанот „Стара Ада“ во Бања Лука, беше убиен Дејан Костиќ, познат како Дела, поранешен водач на навивачката група „Лешинари“ и лице со обемно криминален досие.
Според неофицијални информации, Костиќ бил во ресторанот со сопругата, кога дошло до вербален конфликт со група лица со кои имал претходни несогласувања. По излегувањето надвор, бил застрелан.
Полицијата приведе повеќе лица поврзани со инцидентот, меѓу кои Јеленко Копрановиќ, Алјоша Галиќ и Јовица Грујиќ. Се трага по Немања Сјеница, син на Јеленко Копрановиќ, осомничен за пукањето.
Дејан Костиќ беше познат по бројни кривични дела, вклучувајќи обиди за убиство, насилство и кражби. Во 2011 година беше осуден на пет години затвор за обид за убиство на Јован Јошило. Исто така, беше вмешан во инциденти на малтретирање и физички напади, а неколкупати беше и сам жртва на напади.
Полицијата продолжува со истрагата за убиството на Костиќ и потрагата по осомничениот Немања Сјеница.