Во Србија приведен лажен лекар од Македонија, измамил граѓани дека нивни блиски се тешко повредени

Српската полиција приведе државјанин на Северна Македонија, осомничен дека се претставувал како лекар и измамил граѓани во областа на Врање.

Државјанин на Северна Македонија е осомничен дека во областа на Врање се претставувал како лекар и од граѓани земал пари под лажен изговор.

Српската полиција привела државјанин на Северна Македонија во Врање, под сомнение дека сторил продолжено кривично дело измама.

Според информациите од српската полиција, осомничениот С.К. (1970) од 4 до 13 јуни годинава телефонски контактирал тројца граѓани од областа на Врање, јавувајќи им се на фиксните телефони.

Тој, како што се наведува, се претставувал како лекар од Северна Македонија и им кажувал дека нивни блиски членови на семејството наводно се тешко повредени.

На тој начин ги довел во заблуда, по што одел на нивните адреси и земал поголеми суми пари.

Против осомничениот ќе биде поднесена кривична пријава.

е-Трн да боцка во твојот инбокс