Кувајтската војска вечерва соопшти дека нејзината противвоздушна одбрана пресретнува напади со непријателски дронови. На граѓаните им порача дека експлозиите што можат да се слушнат се последица на дејствувањето на одбранбените системи, објави кувајтската државна новинска агенција КУНА.
Генералштабот на кувајтската војска соопшти дека противвоздушната одбрана дејствува против непријателски летала и го повика населението да ги почитува безбедносните упатства на надлежните служби.
Веста ја потврди и Ројтерс, повикувајќи се на соопштението на кувајската војска.
Засега властите не објавиле кој го извел нападот, колку дронови учествувале ниту кои биле целите. Нема ниту официјални информации за евентуални жртви или материјална штета.
