Тензиите на Блискиот Исток достигнаа нова критична точка откако Иранската револуционерна гарда изврши масовни ракетни напади со кои директно ги таргетираше американските воени воздушни бази. На удриот на иранските ракети се најдоа стратешки воени објекти лоцирани во Кувајт, Јордан и Бахреин.
Поради непосредната безбедносна закана и како итна мерка на претпазливост, кувајтските власти рано утрово комплетно го затворија својот воздушен простор за сите цивилни авиокомпании. Сепак, само неколку часа подоцна, Управата за цивилно воздухопловство соопшти дека состојбата е ставена под контрола, воздушниот простор е повторно отворен, а операциите на Меѓународниот аеродром во Кувајт се целосно нормализирани.
Поради екстремно нестабилната ситуација во регионот, сите воени и цивилни институции во земјата остануваат во состојба на зголемена подготвеност, додека будно се следи секое придвижување на теренот.