Курасао даде гол, Германија броеше до седум на првиот денешен натпревар на СП

Во второто полувреме Германија погоди уште четири пати и конечниот резултат е убедливи 7:1 за популарните „Панцири“

Германија и Курасао го одиграа првиот меч на денешниот четврти ден на Мундијалот.

Мечот беше отворен многу рано, уште во шестата минута со голот на Каи Хаверц со кој Германија поведе.

На изненадување на сите Курасао израмни во 21вата минута со голот на Комененсиа кој го совлада Нојер.

Тоа како да ја налути Германија па до крајот на полувремето дадоа уште два гола и на полувреме се отиде со резултат 3:1.

Во второто полувреме Германија погоди уште четири пати и конечниот резултат е убедливи 7:1 за Германија.

Шанса за подобрување на впечатокот на СП Курасао ќе бара против Еквадор и Брегот на слоновата коска.

е-Трн да боцка во твојот инбокс