Со над 1000 патенти и модели, Артур Фишер е еден од најплодните светски пронаоѓачи, сепак негов најкористен и најпознат пронајдок е типлата, креирана во 1958 година.
Оваа типла ја револуционизираше градешната индустрија и овозможи развој на индустријата „направи сам“. Овој пронајдок овозможи едноставно и ефективно решение за закачување предмети на ѕидови направени од бетон, цигли или други цврсти материјали.
Фишер типлата се состои од мал пластичен цилиндар со крила однадвор кои се шират кога ќе се вметнат во ѕидот. На овој начин завртките или клинците се прицврстуваат во ѕидот.
Со оваа иновација закачувањето предмети стана многу побезбедно и полесно.
Покрај типлите, Фишер има патентирано и многу други практични секојдневни решенија – од држачи за чаши, кутии за ЦДиња, прегради за складирање и детски играчки.
Во 1948 година, Артур Фишер ја основал Fischerwerke GmbH, која станала денешната групација Фишер. Семејниот бизнис има неколку подружници ширум светот, но повеќе од половина од неговите производи се уште се произведуваат во Германија. Европската канцеларија за патенти му оддаде почит на Фишер и неговото животно дело во 2014 година, две години пред неговата смрт.