Search

Костадиновска-Стојчевска: Маската од Требениште после Скопје и Белград ќе патува на изложба во Софија

Златните маски од Требениште кои се чуваат во Белград, Софија и една во Охрид за прв пат ќе бидат изложени заедно. Изложбата „100 години Требениште“, која се реализираше во Скопје пред пет години сега ќе биде поставена во Софија, како „105 години од Требениште“. Локацијата на изложбата е Националниот археолошки институт со Музеј при Бугарската академија на науките во Софија. Со тоа, како што вели министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, продолжува меѓународната соработка во културата помеѓу Северна Македонија, Србија и Бугарија.

„Владата ја разгледа и ја усвои Информацијата за реализација на изложбата, која беше долго подготвувана од стручните тимови на Археолошкиот музеј на Северна Македонија, Националниот археолошки институт со музеј во Софија, Бугарија и со Народниот музеј на Србија во Белград. Требениште – приказна за случајното откритие во 1918 година, во близина на Охридското Езеро е прв и можеби единствен пример на локалитет што е истражуван од археолозите од трите земји, промовиран преку три музеи, од Скопје, Белград и Софијa“, напиша Костадиновска Стојчевска.

Инаку, некрополата Требениште, која се наоѓа кај селото Горенци во близината на Охрид, била случајно откриена впри копање ровови од бугарски војници. Бројните златни, сребрени и бронзени предмети од гробовите биле пренесени во Музејот во Софија каде се наоѓаат и денес. Истото се случува и со следните наоди од истражувањата во 1932 и 1934 кои ги извел Народниот Музеј од Белград, каде се наоѓаат и денес. Со македонските ископувања во Требеништа во 1972 од Заводот и Музеј од Охрид, биле откриени погребувања и од помладите хронолошки рамки на оваа некропола, а наодите кои се наоѓаат во Охрид исто така ќе бидат дел од изложбата. Меѓу нив е и златната маска најдена кај Горна Порта во 2011.

Најново

Последни колумни