Здружението “Макстрипови” го објави првиот конкурс за стрип корица на единствениот македонски стрип фестивал СТРИП ТРИП, кој ќе се одржи на 8-ми и 9-ти јуни во МКЦ Скопје. Тема на конкурсот е „Самураи во Твојот Град“, а димензиите се по сопствен избор, но се сугерира тие да бидат А3 на 300 dpi. Нема ограничување на возраста на учесниците а делата може да се пратат на makstripovi.ngo@gmail.coм или на адреса на Здружението “Макстрипови”.
Рокот за испраќање е заклучно со 26 мај, а селектираните дела ќе добијат своја изложба во рамки на фестивалот, кога и ќе се прогласат и победниците.
Време е да ја размрдаме стрип-културата во Македонија и да докажеме дека имаме ценети таленти, порачуваат од Здружението “Макстрипови”.