Вечерва концерт на ,,Крафтверк”

Првпат во Скопје „Крафтверк“ одржа концерт во 2005 година, на Скопски саем, а потоа, настапи и во 2018 година

Вечерва од 21 часот на стадионот на АРМ ќе се одржи концерт на групата „Крафтверк“ во организација на „Авалон продукција“.

– Без „Крафтверк“ во музиката многу работи немаше да бидат тоа што се: од електро до хип хоп, од техно поп до синт поп. Тие го вклучија Скопје во својата нова „Multimedia 2026“ турнеја со голем концерт на отворено. Во време кога вештачката интелигенција станува сеприсутен дел од нашето секојдневие, кога сè почесто се отвораат прашања за тоа како технологијата нè менува и обликува, Скопје ќе го пречека бендот кој прв ја постави дилемата за симбиотската врска помеѓу човекот и технологијата – велат од „Авалон“.

Првпат во Скопје „Крафтверк“ одржа концерт во 2005 година, на Скопски саем, а потоа, во 2018 година, во салата „Борис Трајковски“ имаше и 3Д-концерт, настан со кој беше отворено 20. јубилејно издание на фестивалот „Таксират“.

Бендот е формиран во Диселдорф, Западна Германија, во 1970 година, од Ралф Хитер и Флоријан Шнајдер, кој го напушти во 2008 година.

Карти можат да се купат онлајн на avalonbooking.mk и во продажната мрежа на karti.com.mk низ Македонија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс