Редовната промена на четките за заби е клучна за оптимална орална хигиена. Кога влакната на четката ќе се истрошат, четката ја губи својата ефикасност во чистењето на забите, што може да влијае на здравјето на забите и непцата.
Според препораките на експертите, четката за заби треба да се менува на секои три до четири месеци, а доколку влакната се видливо оштетени или истрошени тоа треба да се прави и почесто.
Исто така треба да се менуваат четките по болести како што се настинки или грип, бидејќи бактериите може да останат на четката и да ја повторат инфекцијата.
Кога бирате нова четка за заби, подобро е да изберете четкичка со помеки влакна, бидејќи оние со потврди може да ги оштетат вашите непца.
Експертите исто така предупредуваат дека не треба да се четка премногу, туку нежното четкање е доволно за да отстранат наслагите, додека пастата за заби со флуор го прави останатото.
Извор: Н1