Дел од корисниците во општина Кисела Вода денеска ќе бидат без електрична енергија поради планирани зафати во електродистрибутивната мрежа.
Според информациите од ЕВН Македонија, прекинот трае од 08:30 до 15:30 часот, а ќе ги опфати дел од улиците „Милан Мијалковиќ“ и „Кавалска“.
Од ЕВН посочуваат дека прекинот е поради технички интервенции во мрежата, по чие завршување се очекува нормализирање на снабдувањето со електрична енергија.