Од утре во автобусите на ЈП „Градски превоз“ – Кавадарци повеќе нема да може да се плаќа билет во готовина. Новиот начин на плаќање ќе важи и за градскиот и за приградскиот јавен превоз.
Патниците ќе можат да платат со КА-карта или со платежна картичка Visa/Mastercard, преку бесконтактно плаќање директно во автобусот.
Од ЈП „Градски превоз“ – Кавадарци информираат дека готовина повеќе нема да се прима во автобусите.
Официјални места за продажба и надополнување на кредит на КА-картичките се Инфо-центарот на Градскиот плоштад, „Браво нутс“ кај старата автобуска станица, „Мар – Пет Макарена – Ваташа“ и ДМД ОИЛ Глишиќ.
Од претпријатието најавуваат и промотивна можност која ќе важи до 31 декември 2026 година. При секое купување КА-карта со минимален кредит од 300 денари, првото возење ќе биде бесплатно.
За дополнителни информации, граѓаните можат да се обратат во Инфо-центарот или на телефонскиот број 043 400 417.