Од Министерството за здравство информираат дека привремено се прекинува вакцинирањетео со БСЖ вакцината против турбекулоза кај бебињата, откако вчера истото го стори и хрватската Агенција за лекови (ХАЛМЕД).
Станува збор за вакцината која ја произведува Бул Био НЦИПД д.о.о. бул. Јанко Саказов, од Софија, Бугарија, која се користи и во Хрватска и во Македонија. Хрватската агенција истражува дали токму вакцината е причинител на остеомиолит кај четири бебиња за кои бил пријавен сомнеж.
„Комисијата за имунизација донесе заклучок за времено одложување на имунизацијата со оваа вакцина до добивање комплетни информации во однос на сериите, нивниот квалитет и асоцираноста со појавата на несакани реакции. Воедно, потенцираме дека во изминатите десет години до МАЛМЕД е пристигната само една пријава за сомнеж на несакана реакција од БСЖ вакцина (во август 2022 година), која се однесувала на појава на апцес на местото на апликација на вакцината, што како реакција е опишано во упатството за употреба на вакцината“ велат од Министерството за здравство.
Имунизацијата со оваа вкацина во земјава е задолжителна, имајќи предвид дека земјата е со висок ризик од туберкулоза.
„Потенцираме дека во изминатите десет години до МАЛМЕД е пристигната само една пријава за сомнеж на несакана реакција од БСЖ вакцина (во август 2022 година), која се однесувала на појава на апцес на местото на апликација на вакцината, што како реакција е опишано во упатството за употреба на вакцината“ велат од Министерството за здравство.
