Во Скопје денеска ќе се одржи првата јавна расправа за Нацрт-текстот на Националната стратегија за развој на туризмот за периодот 2027–2032 година.
Настанот ќе се одржи во Музејот на македонската борба за самостојност, со почеток во 11 часот.
Во воведниот дел е предвидено обраќање на министерот за култура и туризам, Зоран Љутков.
Јавната расправа треба да отвори простор за мислења, предлози и забелешки околу идниот правец на развој на туризмот во земјата, во периодот од 2027 до 2032 година.