Израелските сили приведоа градоначалник и претепаа мештани на Западниот Брег

За време на упадот во Беит Фурик било блокирано и возило на Брзата помош, додека притисокот врз палестинските населби во Наблус продолжува да расте.
Фото: X/@IDF

Израелската војска изврши рација во палестинскиот град Беит Фурик во близина на Наблус, при што неколку часа ги држеше во притвор локалниот градоначалник, членови на општинскиот совет и група жители. Според информациите на локалните извори и агенцијата Анадолија, воените сили при упадот физички нападнале неколку лица и го спречиле пристапот на медицинските екипи до повредените.

Сведоци и локални извори наведуваат дека дел од припадниците на израелските сили за време на упадот во источниот дел на градот биле облечени како цивилни доселеници. Во близина на џамијата Абу Рафат биле нападнати неколку жители, вклучително и жени, додека насобраните граѓани барале итно ослободување на општинските претставници.

За време на инцидентот бил претепан млад Палестинец и членови на општинскиот персонал, а воените сили не дозволиле возило на Брзата помош да стигне до повредениот за да му укаже прва помош и да го транспортира во болница. По неколкучасовно задржување, градоначалникот и општинарите биле ослободени.

Овој инцидент не е изолиран случај, туку дел од континуираното зголемување на тензиите на окупираниот Западен Брег по почетокот на војната во Појасот Газа во октомври 2023 година. Изминативе месеци Обединетите нации и меѓународните организации бележат драстичен пораст на паралелни упади на израелската армија и вооружените доселеници.

Покрај директните апсења на локални претставници, палестинското население се соочува со забрзана изградба на нови нелегални населби, поставување патни правци наменети исклучиво за доселеници и строги контролни пунктови кои целосно го парализираат секојдневниот живот и економијата во регионот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс