Музејот на европски и медитерански цивилизации во Марсеј ја слави својата десетгодишнина со изложба која го истражува феноменот на натуризмот низ вековите, а еден од најинтересните аспекти е можност голи да ја посетите изложбата, но под услов да имате чевли.
Оваа несекојдневна пракса, организирана во соработка со нудистички организации се спроведува во термини вон работното време на музејот и им овозможува на посетителите во потполност да го доживеат духот на натуризмот, кој не се врзува за сексуалност, туку за слобода и природност, велат организаторите.
Насловена како „Натуристички раеви“, изложбата нуди увид во историјата и еволуцијата на натуризмот, особено во Франција, земја која важи за глобален центар на оваа пракса. Во склоп на изложбата, која трае до 9 декември, посетителите имаат прилика да видат повеќе од 600 експонати – од фотографии до филмови, склуптури, книги и уметнички дела од колеции од Франција и Шпанија.
Извор: Б92