Search

Изложба на астрофотографии – „25 години Скопско Астрономско Друштво“

Во рамки на одбележувањето на 25 години од своето постоење Скопското Астрономско Друштво организира изложба на астрофотографии, која ќе биде отворена во понеделник, 25 декември во 19 часот во Кинотеката на Северна Македонија.

„Веќе четврт век, нашиот поглед е свртен кон небото. Го набљудуваме, истражуваме, учиме за него, едуцираме други луѓе и го фотографираме. Нашата најголема фасцинација ќе ја најдете преточена во фотографии од планетарни маглини каде се раѓаат ѕвезди, гигантски галаксии оддалечени милиони светлински години од нас, комети, метеорски дождови, Сонцето, Месечината и нашиот поширок дом – галаксијата Млечен Пат. Со изложбата сакаме нашиот поглед и нашата фасцинација да ги споделиме со Вас“ – велат од Скопско Астрономско Друштво.

Изложбата ќе може да се погледнете до 4 јануари 2024 и изложените фотографии ќе можат да се купат во големина која на заинересираните им одговара. ќе може да се погледнете до 4 јануари 2024.

Најново

Последни колумни