Исланд и оваа година ја задржа позицијата на најбезбедна земја во светот, според најновиот Глобален индекс на мир (Global Peace Index), што е 19-та година по ред како се наоѓа на врвот на листата. Според извештајот на Институтот за економија и мир (IEP), глобалниот мир продолжува да се влошува, веќе 12-та година по ред се бележи пад на стабилноста, во услови на растечки геополитички тензии и рекордни воени трошоци.
Покрај Исланд, меѓу најбезбедните земји се Нов Зеланд, Швајцарија, Словенија и Ирска, држави кои се издвојуваат со високо ниво на институционална стабилност, ниска стапка на насилен криминал и силна доверба во институциите. Извештајот предупредува дека светот влегува во период на „фрагментација“, каде безбедноста сè повеќе зависи од внатрешната стабилност на државите, економската издржливост и функционалноста на институциите.
И покрај глобалните предизвици, најбезбедните земји остануваат оние кои успеваат да одржат баланс меѓу сигурност, ниска корупција и ефикасен правен систем, што и понатаму ги држи на врвот на