Иранските оперативци ја знаеле и точната соба на Трамп во Анкара

Американските оперативци го пресретнале планот на иранските агенти за напад врз претседателот Доналд Трамп за време на самитот на НАТО.
Фото: EPA/Abdullah Güçlü

Американските разузнавачки служби спречиле ирански атентат врз Доналд Трамп со ракетна инсталација за време на самитот на НАТО во Анкара, објави Њујорк Тајмс. Оперативците откриле дека иранските агенти ја знаеле дури и точната локација и катот во хотелот каде што престојувал американскиот претседател. Ова предизвикало итна реорганизација на безбедносните протоколи за време на неговото заминување од Турција.

Американскиот претседател бил евакуиран преку возило за угостителски услуги на аеродромот, со цел да се избегне евентуален сомнеж или следење од страна на иранските оперативци. Трамп потоа бил префрлен на помал воен авион Ц-32А, со кој заминал кон Велика Британија, додека официјалниот претседателски авион пополетал одделно со остатокот од делегацијата и новинарите.

Според изворите на Њујорк Тајмс и Ројтерс, иранските мрежи поседувале прецизни податоци за престојот на Трамп во Анкара, вклучително и точниот кат од неговата хотелска соба. Заканата била проценета како непосредна откако во близина на самитот била забележана личност со пренослив противвоздушен систем. Поради тоа, Тајната служба ги заобиколила сите вообичаени безбедносни протоколи.

Новинарите и поголемиот дел од персоналот во официјалниот авион не знаеле дека Трамп не се наоѓа во леталато. По слетувањето во британската база, тој повторно се префрлил во главниот авион за да изгледа дека патувал заедно со целиот тим. Самиот Трамп подоцна потврди дека безбедносните тимови му наложиле промена на леталото, без да му соопштат повеќе детали за обемот на заканата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс