Иран го негира Венс „Воопшто не преговаравме за нуклеарната програма“

Официјален Техеран попладнево ги демантираше тврдењата на Велс околу нуклеарната програма

Техеран не преговараше за својата нуклеарна програма и не прифати никакви нови обврски во разговорите со САД во недела во Швајцарија, изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаеи, за официјалната новинска агенција ИРНА.

Вe нс тврди дека Иран се согласил да покани нуклеарни инспектори

Интеракцијата на Иран со Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) ќе продолжи во согласност со тековните процедури, со одобрение од иранскиот парламент и одлука на Врховниот совет за национална безбедност, додаде Багаеи

Американскиот потпретседател Џ.Д. Венс изјави во понеделник во Швајцарија, еден ден откако во таа земја се одржаа разговори насочени кон прекин на војната на Блискиот Исток, дека Иран се согласил да им дозволи на инспекторите од Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) да се вратат на територијата на земјата.

„Иранците се согласија да ги повлечат инспекторите на МААЕ. Ова е голем чекор за американскиот народ и прв чекор кон целосна денуклеаризација или конечно завршување на иранската програма за нуклеарно оружје“, им рече Венс на новинарите, додавајќи дека очекува „тоа да се случи уште оваа недела“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс